top of page

Јапонски чизкејк од само 3 состојки: Брз, едноставен и евтин колач

  • rubinirubin
  • Nov 28, 2021
  • 1 min read

Сигурно барем еднаш досега сте пробале традиционален чизкејк, но, дали сте знаеле дека постои уште една верзија на популарниот колач?

Ако барате брз, едноставен и евтин рецепт, јапонски чизкејк е вистинското решение.

За јапонската верзија, за разлика од класичниот чизкејк, потребни ви се само три состојки и минимално вложен труд.

Потребни состојки:

– 3 јајца – 120 гр. чоколадо – 120 гр. крем сир

А, постапката е многу едноставна:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Растопете го чоколадото на пареа и додадете го крем сирот. Смесата тргнете ја од пареата и додадете ѝ три жолчки.

Белките изматете ги, па третина додадете во смесата од чоколадо и сир. Внимателно и нежно измешајте, па повторно додадете една третина и повторете. Истото направете го и со останатите белки.

Калапот за печење торта обложете го со хартија за печење и во него ставете ја смесата. ‘Удрете’ го калапот неколкупати од масата, за од смесата да ги исфрлите воздушните меурчиња, а потоа ставете го во длабока тава за печење, која претходно сте ја натопиле со топла вода.

Печете на 170 степени околу 15 минути, а потоа намалете на 160 степени и печете уште 15 минути.

Кога колачот ќе биде готов, исклучете ја рерната, но оставете го внатре уште 15 минути. Потоа извадете го, изладете и сервирајте!



Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page