top of page

Рецепт за посни лазања со спанаќ: Јадење во кое ќе ужива целото семејство

  • rubinirubin
  • Feb 20, 2023
  • 1 min read

Лазањите станаа едно од омилените италијански јадења на нашите простори. Сочниот месен сос помеѓу неколку редови тенко тесто навистина му дава на јадењето неодолив вкус. Добрата вест е што можат да се направат и во посна варијанта, а подеднакво добар е и вкусот.

Јадење кое е заситено, воедно и вкусно, ќе ги воодушеви стомаците на вашите драги луѓе.

Состојки:1 пакување лазањи (500 гр)400 гр спанаќ500 мл сојно млеко или било кое друго растително млеко по избор50 гр брашномаслиново масло2 средни главици кромид4 чешниња лук500 мл доматен соссол, биберсушен босилексвеж босилек за декорација

Подготовка:На маслиново масло и малку вода пропржете ситно сечкан кромид. Потопете ги снегулките од соја и оставете да отстојат околу половина час.

Во кромидот додадете соја и сè измешајте, а потоа додадете две чешниња мелени лук. Во оваа смеса ставете свеж или замрзнат спанаќ и сок од домати и оставете малку да се динста. Зачинете сè по вкус. На малку маслиново масло пропржете две чешниња лук, додадете брашно уште малку да се пржи, па на млаз сипете растително млеко и сварете бешамел. Зачинете по вкус.

Дното на садот за печење намачкајте го со маслиново масло, ставете ја кората за лазањи, ред фил од спанаќ, прелијте со бешамел сосот и така додека го имате материјалот. Последната кора прелијте ја со сок од домати.

Готовите лазањи оставете ги малку да се изладат, па исечете ги на парчиња со саканата големина и послужете. Послужете со свежи листови босилек.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page