top of page

Посни лиснати ролнички со зелка: Пецива на кои нема да им одолеат ниту најмладите

  • rubinirubin
  • Mar 8, 2023
  • 1 min read

Иако во маркетите и пекарите се достапни различни печива, она што го правите во вашата кујна е далеку повкусно

Пецивата се најчестиот избор за појадок во нашите краишта. Покрај тоа, тие се идеални како послужување за изненадни гости, вечера или ужина. Иако во маркетите и пекарите се достапни различни печива, она што го правите во вашата кујна е далеку повкусно.

Едно од нив се посните пецива со зелка, на кои нема да им одолеат ниту најмладите, кои важат за пребирливи кога е храната во прашање.

Состојки:

500 грама лиснато тесто

Зелка

1 главица кромид

3 чешниња лук

Сол

Бибер

Сусам

50 мл масло

Подготовка:

Кромидот исечкајте го на ситни коцки, празот на тенки полукругови, а лукот изгмечете го. Во длабока тава загрејте го маслото, па ставете ги сите зеленчуци со малку вода да се издинстаат.

Исчистете ја, измијте и ситно исечкајте ја зелката.

Во пржениот кромид додадете ја зелката, посолете и побиберете по вкус и сè заедно кратко пропржете.

Оставете го филот на страна да се излади.

Лиснатото тесто развлечете го во тенок правоаголник.

Рамномерно нанесете го филот и свиткајте во ролат.

Се сече на ролнички долги околу 7 см и се редат во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со вода и посипете со сусам.

Печете ги на 200 степени околу 25 минути или додека не поруменат.

Готовите кифлички оставете ги малку да се изладат, па послужете ги.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page