Посна торта која ќе ја правите и во мрсните денови
- rubinirubin
- Jan 22, 2023
- 1 min read

Доколку немате идеја што би можеле да подготвите од слатки за време на велигденските пости, оваа посна торта од пире од костен и џем од кајсии ќе биде совршен избор за целото семејство, но и за родендени, прослави…
Костенот е неверојатно здрав, полн со влакна, протеини, здрави масти, а ако го јадете редовно, одличен е за здравјето на срцето, дигестивниот тракт, добар за крвен притисок, анемија, ги зајакнува коските и забите… И затоа не двоумете се да го вклучите во вашата исхрана секогаш кога имате можност.
Состојки:
За кората
200 гр мелени ореви250 мл сок од портокал300 гр брашно150 гр мед200 гр шеќер2 ванилин шеќерлажица какао1 прашок за пециво100 мл масло
За фил
750 гр пире од костен50 гр џем од кајсии200 гр сечкани ореви3 лажици рум
За глазурата
200 гр посно чоколадолажица масло
Подготовка:
За кората: Измешајте ги сите потребни состојки за кората. Во загреана рерна се пече кората на 180 степени. Ќе ви требаат околу 40 минути.
Кога ќе се излади, кората поделете ја на три дела.
За филот: Соединете го пирето од костен, џемот, румот и измешајте, па додадете ги сечканите ореви.
За глазура: растопете го чоколадото со маслото.
Наредете ред кора, ред фил, а одозгора прелијте ја со глазурата.
Comments