ПИТА ОД ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ КОЈА ПОСТОЈАНО ЌЕ САКАТЕ ДА ЈА ПРАВИТЕ
- rubinirubin
- Jan 15, 2023
- 1 min read

Состојки:
500 гр кора за пита500 гр печени пиперки100 гр маслинки4 чешниња лукмаслиново маслосол и бибер по вкус
Подготовка:
Излупете ги и исечкајте ги печените пиперки, а потоа исечкајте ги маслинките и лукот. Измешајте ги сите три состојки и оставете ги да отстојат малку (совет: навечер можете да ги соедините состојките, а наутро од нив да направите пита).
Во истата смеса додадете сол, масло и бибер. Кората премачкајте ја со масло, па врз неа додадете уште една кора.
Ставете ја смесата што ја направивте и свиткајте ја питата во триаголници или кругови по желба.
Наредете ја питата во подмачкан плех обложен со хартија за печење.
Се пече на 200 степени.
Comments