Печени компири со рузмарин и мелена црвена пиперка: Вкусен прилог кој се подготвува многу лесно
- rubinirubin
- Nov 30, 2021
- 1 min read

Компирите подготвени на португалски начин е совршен гарнир за секое месо.
Потребни состојки:
– 4 компири со средна големина – путер – сол и бибер – рузмарин – мелена црвена пиперка по желба
Начин на подготовка:
Измијте ги компирите и излупете ја кората, а потоа ставете ги во тенџере со вода или варете ги на пареа додека не омекнат.
Извадете ги и ставете ги во тава за печење. Нежно притиснете ги со дно од чаша, а преку секој компир ставете малку путер. Додајте ја солта, биберот и рузмаринот, а по желба додајте и мелена сушена пиперка.
Печете го компирот во рерна загреана на 200 Целзиусови степени додека не добие златножолта боја.
Commentaires