Ова нема да го најдете во пекара! Најкрцкавата пита со шунка и сирење
- rubinirubin
- Oct 19, 2023
- 1 min read

Сочно и неодоливо вкусно
Ви треба инспирација во кујната… барате нов рецепт?
Ви предлагаме сочна пита со шунка и сирење која сигурно ќе го воодушеви вашето семејство.
Подготовката не е комплицирана дури и за почетници, а вкусот е феноменален.
Како и секогаш, пробајте и уверете се сами!
Состојки:
10 листови средни кори
200 мл јогурт или кисело млеко
200 гр сувомеснато (шунка, сув врат, печеница…)
200 гр помеко сирење
3 јајца
1 прашок за пециво
50 мл маслиново масло
Подготовка:
Во сад издробете го сирењето, додајте ги јајцата, маслото и прашокот за пециво и сето малку измешајте го. Додадете го јогуртот и соединете сè.
Раширете ја првата кора и премачкајте ја со масло, врз неа додајте друга кора и премачкајте со мешавината со јајца и јогурт.
Направете го истото со третата, четвртата и петтата кора. На петтата кора наредете ги листовите сувомеснато.
Завиткајте во ролат. Направете го истото и со другиот ролат. Се редат во подмачкана тава, па се премачкуваат со остатокот од филот.
Се пече на 200 степени 45-50 минути. Исечете кога ќе се олади.
Погледнете чекор по чекор инструкции за подготовка:
Comentarios