top of page

Многу е здраво да јадете лук, не бегајте од непријатниот мирис

  • rubinirubin
  • Nov 7, 2022
  • 1 min read

Постојат многу предности од консумирањето на лук. И покрај непријатниот мирис кој го остава по јадењето, сепак станува збор за една од најздравите и најкорисни намирници.

Лукот делува антивирусно и антибактериски. Веќе со децении се користи поради своите силни антибактериски својства. Се покажало дека хемиската состојка на лукот, алицин, го спречува растот и развојот на габата Candida albicans.

Лукот може да го намали вашиот холестерол. Неговите силни антиоксидантни својства спречуваат слободните радикали да направат штета во артериите и го спречува создавањето на лузни.

Со консумирањето на лук се намалува и крвниот притисок. Лукот има способност да ја намали вкочанетоста на тромбоцитите, така што помага крвта да биде поретка.

Лукот, исто така, помага и при регулирање на шеќерот во крвта, што е одлично за лицата со дијабетес тип 2.

Борете се и против настинките и грипот јадејќи лук во салатите и супите што почесто кога сте болни.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page