Мафини од банана без шеќер и брашно: Слатко задоволство со малку калории!
- rubinirubin
- Nov 19, 2021
- 1 min read

Ако обожавате слатки, а воедно и водите сметка за правилна и здрава исхрана, не би било лошо да пробате вкусен рецепт за мафини, без шеќер и брашно.
Овој рецепт не само што има малку калории, туку и не содржи многу јаглени хидрати, а воедно е многу вкусен и освежителен.
Состојки:
– 2 банани
– 4 јајца
– прашак за пециво
– портокали
– 2 јаболки
– 100 гр. суво грозје
– 100 гр. црна чоколада
– 5 лажички крем сир
– 3 лажици цимет
– прстофат морско оревче
– 3 лажици ванилен шеќер
– 100 гр. ореви
Подготовка:
Истолчете ја бананата, па додадете ги јајцата и убаво промешајте. Кога ќе измешате и ќе ја изденачите смесата, додадете крем сир, цимет, морско оревче, ванилен шеќер, прашак за пециво и повторно измешајте ги сите намирници.
Земете миксер и изматете ја смесата додека не стане мазна. Изрендајте неколку портокали и исцедете го сокот во смесата. Откако смесата ќе се изедначи, додадете рендано јаболко и суво грозје.
Истурете ја добиената смеса (треба да биде густа) во калапи и украсете со мелени ореви. Ставете ја во рерна на 180 степени и оставете ја околу 30 минути да се пече. Кога ќе видите дека е при крај, посипете ги мафините со рендано чоколадо и оставете ги уште неколку минути.
Comments