Идеја за ручек: Запечени макарони со ќофтиња и зеленчук
- rubinirubin
- Feb 20, 2023
- 1 min read

Вкусен оброк, сè во едно тенџере. Доколку сте љубител на тестенини, ви препорачуваме да го подготвите овој рецепт.
Состојки:400 гр. тестенини200 гр. мешано мелено месо100 гр. шери домати100 гр. печуркиКонзерва доматиГлавица кромидДве чешниња лукМаслиново маслоСол, биберСушено ориганоНачин на подготовка:
Сварете ги макароните кои треба да бидат „ал денте“. Загрејте масло во тавата, посолете го меленото месо и направете мали ќофтиња од него.
Пржете ги ќофтињата од сите страни за да добијат златна боја, а потоа ставете ги на чинија. Во иста тава испржете кромид, лук, шампињони и по пет минути пржење додајте ја конзервата со домати.
Зачинете со оригано и динствувајте неколку минути додека рерната се загрева на 200 степени.Промешајте ги макароните со добиениот сос, ќофтињата и шери доматите. Префрлете ги во тава за печење и печете 15 минути. Сервирајте со пармезан.
Kommentare