Едноставен, а превкусен: Посен полнет домат запечен во рерна
- rubinirubin
- Feb 13, 2023
- 1 min read

Бидејќи е време за постење, веројатно барате рецепти што не сте ги пробале досега, а кои можете да ги јадете.
Предлогот за утрешниот ручек е полнет посен домат кој е толку вкусен што ќе го подготвите и кога ќе поминат деновите на постот.
Доматот ќе добие специфична арома кога ќе го ставите во рерна, а за помалку од половина час ќе уживате во вкусен ручек.
Состојки:
6 домати1 морков1 кромид1 шолја оризвласецсол, бибер
Подготовка:
Измијте ги доматите, исечете ги врвовите, изрендајте ги, но „месото“ и врвот не ги фрлајте. Во тенџере прелијте малку масло и кога ќе се загрее додадете исечкан кромид и лук и динстајте додека не станат проѕирни. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете го оризот, внатрешноста на доматите и морковот изрендан на поголем ренде. Зеленчукот прелијте го со вода за да се впие, а потоа додадете сол, бибер и зачини по вкус и оставете да се вари 20 минути. Плехот намачкајте го со масло, па ставете го доматот, па наполнете го со ориз и вратете го „капачето“. Печете во загреана рерна на 180 C околу 20 минути, а пред послужување посипете со сечканиот млад лук.
Commentaires