top of page

Домашни мафини со ванила кои се спремаат брзо и едноставно!

  • rubinirubin
  • Feb 14, 2023
  • 1 min read

Мафините полнети со домашен крем од ванила се подготвуваат многу лесно!

Состојки:

За тестото

1 јајце100 гр шеќер100 мл млеко200 гр брашно12 g сода бикарбонакора од еден лимон

За филот

180 мл млеко1 жолчка од јајце3 лажици шеќер1 лажица пченкарен скроб2 лажици маскарпоне сирењелажичка екстракт од ванила

Подготовка:

За филот: Во тенџере истурете млеко, екстракт од ванила, шеќер, пченкарен скроб и жолчки. Сè измешајте со рачен миксер, па загрејте на умерен оган додека не се згусне. Се трга од оган, па се додава сирењето маскарпоне и се убаво се соединува. Оставете да се излади, а потоа префрлете го филот во шприц.

За тестото: Во сад ставете го целото јајце, шеќерот, млекото и маслото и сè убаво измешајте. Изрендајте ја кората од лимон, додајте ги брашното и сода бикарбоната и сè лесно измешајте со рачна маталка.

Калапот за мафини премачкајте го со корпи за печење, па наполнете ги со една лажица смеса од тестото, па со филот, а одозгора со уште тесто. Се пече во рерна на 200 C околу 20 минути. По желба, пред послужување посипете ги со шеќер во прав.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page