top of page

Дознајте колку калории има во алкохолните пијалоци, еве што треба да избегнувате

  • rubinirubin
  • Jan 15, 2023
  • 1 min read

Половина литар пиво има околу 240 калории и сега замислете да пиете четири пива во текот на вечерта, тоа е како да јадете две чоколади од 100 грама.

Затоа, ако сте на диета, внимавајте што пиете и во кои количини, односно броете калории како со храната.

Имено, нашето тело го регистрира алкохолот како отров, па затоа се обидува што побрзо да го претвори во нешто помалку штетно – во вишок енергија што се претвора во маснотии што се акумулира на стомакот кај мажите и на бутовите кај жените.

Еден од нискокалоричните коктели е џин тоник (со тоник без шеќер) – 64 калории, вотка-џус 60 калории и чаша бело вино 160 калории.

Список на калории во 100 мл други алкохолни пијалоци:

Шампањ – 85 калорииБело вино – 85Црвено вино – 80Коњак 38% алкохол – 230Коњак 50% алкохол – 375Ликери – 250Ракија 25% алкохол – 175Ракија 33% алкохол – 195Ракија 50% алкохол – 350Рум 40% алкохол – 280Бренди – 40 % алкохол – 230Вињак – 250Виски – 250Вотка – 230

Калории во коктели:

Long Island Ice Tea – 780 калорииMargarita – 740Pina Colada – 644White Russian – 425Mai Tai – 350French 75 – 250Fog Cutter – 225Mojito – 160Cosmopolitan – 150

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page