top of page

Дознајте колку е здраво да се јаде грав и почесто гответе го за ручек

  • rubinirubin
  • Oct 26, 2022
  • 1 min read

Од сите намирници, гравот е со сигурност една од најздравите и најомилените. Богат со протеини, витамини и минерални, тој е идеална храна за децата и за возрасните.

Гравот е одличен извор на железо, манган, бакар, витамини Б9 и Б1, фосфор, магнезиум и цинк, а во помали количества содржи и калциум, калиум, селен, витамини Е, Б2, Б5 и Б6.

Поради тешката сварливост, не им се препорачува единствено само на лицата со желудечни и црвни проблеми. За да се намали пак појавата на надуеност и гасови, при подготовката, треба да додадете природни зачини каков што е кимот, магдоносот, нането, лукот, ѓумбирот, ловоровиот лист или карито.

Поради добрата комбинација од влакна и фолна киселина, гравот е добар „сојузник“ во борбата против кардиоваскуларните и болестите на дебелото црево. Особено се препорачува во исхраната на децата и трудниците. Гравот делува поволно и кај лицата кои што страдаат од анемија, болести на забите, ушите, бронхитис, депресија, крварење од носот, па дури и импотенција. Делотворен е и при несоница, остеопороза, настинки и грип, хемороиди, хроничен замор и стрес.

Извесен број на експетри потенцираат дека гравот, поради фактот што изобилува со антиоксиданси, помага и кај различни облици на рак. Американските научници од државниот универзитет во Колорадо тестираа шест вида на грав, вообичаени за нивниот пазар.

Со мерење на количеството на оксиданси, тие заклучиле дека црвениот, шарениот и темносиниот грав имаат и до десет пати поголемо количество од овие вредни состојки и останати лековити материи во однос на белиот и жолтиот грав.

За да се постигне уште подобар ефект, пожелно е да се консумира со житарки, бидејќи таквиот оброк содржи полна доза од есенцијалните аминокиселини кои што му се неопходни на човекот.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page