Брз ручек: Бели тестенини со пилешко и печурки, готови за помалку од 10 минути
- rubinirubin
- Mar 9, 2023
- 1 min read

Готово за час.
Доколку барате вкусен ручек кој брзо ќе го подготвите, со тестенините никогаш нема да погрешите.
Апсолутно сите сакаат тестенини, а речиси секогаш се подготвуваат брзо и лесно.
За оваа паста ви треба:
– пилешко, 500 гр
– павлака за готвење, 500 мл
– жолчка од јајце, 1 парче
– горгонзола, 100 гр
– сол, половина кафена лажичка
– печурки
– шпагети или тестенини, 500 гр
Подготовка:
Пилешкото исечкајте го и пропржете го на оган неколку минути. Додадете ги печурките на половина од пржењето. Кога е готово, сервирајте во друг сад, а во истото тавче истурете го кремот за готвење, едната жолчка, половина лажичка сол и сечканата горгонзола.
Мешајте додека не почне да врие, па во сосот истурете ги печурките и месото. Продолжете да готвите на тивок оган додека сосот малку не се згусне.
Кога е готово, прелијте го сосот врз претходно сварените тестенини и декорирајте по желба.
Comments