Kрем салата со компири
- rubinirubin
- Dec 17, 2021
- 1 min read

Потребни состојки: -3 чаши варен компир исечен на коцки -половина чаша сварен грашок -половина чаша морков исечен на ленти -јаболко исечено на коцки -сол, бибер -сок од лимон -125 г мајонез или кисела павлака, по избор
Подготовка: Морковот и грашокот сварете ги во солена вода, но да не бидат премногу меки. Извадете ја водата и додека се топли измешајте ги со претходно сварениот компир, јаболкото и мајонезот, односно павлаката.
Салатата зачинете ја со сок од лимон, сол и бибер и иставете малку да отстои пред да послужите за јадење.
Yorumlar